Една австралиска пивара изнајмила еден мал остров на три години за да го промовира своето ново пиво, така што ќе направи рај за мажите. Островот познат како “Pampkin” одсега ќе се вика “XXXX” по називот на пивото. Прозиводителите направиле наградна игра во која престој на островот ќе добијат оние кои ќе смислат најдобра идеја за хедонистите.


На островот со големина од еден квадратен километар можат да престојуваат околу 30 лица кои се сместени во пет бунгалови, а цената за изнајмување на островот за еден ден изнесува околу 1200 евра. Иако островот важел за тропски рај кој бил совршен за семеен или романтичен одмор, сега производителот на пивото “XXXX” планира да го претвори во место кое ќе се посетува со добро машко друштво.