На улицата „Питу Гули“ во близина на црквата Св. Ѓорѓија, за неколку месеци беше изградена убава куќа, која во долниот дел ќе има најверојатно деловен простор. Но, уште при изградбата се гледаше дека нешто не е во ред. Имено, балконскиот ред се надвисува над улицата, а една од терасите е толку блиску до уличниот столб за осветлување што чиниш се залепени. Од одреден агол може да се види дека меѓу куќата и столбот има не повеќе од 20-30 сантиметри слободен простор. Некои од соседите велат дека сопственикот „средил“ за габаритот на куќата, се` било легално и дека дури наводно им „се смеел в лице“ на градежните инспектори при некоја контрола.


Улица „Питу Гули“. Новата куќа и столбот.


Од жабја перспектива најдобро се гледа
колку се блиску столбот и куќата

„Интересно“ ќе им биде и на некои патници во повисоките возила, нпр. автобуси, кои слободно ќе можат да видат што ручаат „укуќаните“. Звучи како излитена фраза, но се чини дека вакво нешто е можно само кај нас.

С. Костоски