Јапонската подружница на меѓународниот ланец пицерии „Domino’s“ со новата маркетинг кампања одлучила да ја надмине својата конкуренција во секој поглед. Објавиле дека ќе направат ресторан на површината на Месечината. „Domino’s“ веќе со години против конкурентниот „Pizza Huta“ се бори со разни трикови, а откако тие во 2001 година испорачале пици на астронаутите на меѓународната вселенска станица, „Domino’s“ минатата година за само еден час доставување на нивните специјалитети на едно лице му платиле 2,5 милиони фунти.
Новиот потег на „Domino’s“ ќе чини 13,4 милијарди фунти, од кои 4,5 милијарди ќе бидат потребни за транспорт на 70 тона материјал за конструкции и опрема за припремање на пиците на Месечината. Ресторанот ќе биде со површина од 26 квадрати, а вработените ќе мораат да живеат на Месечината. Кога ресторанот ќе биде отворен, сеуште не било соопштено.