На овогодинешниот тениски турнир во Вимблдон едно од најбараните јадења е пицата. Гледачите кои од трибините ги следат дуелите на тенисерите на трева најчесто нарачуваат пици, а вработените во кетеринг службата проценуваат дека италијанскиот специјалитет ќе биде уште побаран доколку потрае дождливото време. Рестораните на „Ол Ингланд клубот“ продале многу пици, од кои најпопуларна била со пиперка, кој чинела 70 проценти од проажбата.

Џонатан Паркер, шефот на кетеринг службата, рекол дека интересен тренд оваа година било тоа што луѓето најмногу барале најнездрава храна. Тој навел дека продале многу пици. Овој тренд започнал уште минатата година, но оваа година продолжил со многу поголемо темпо. Продажбата од 7000 пици дневно просто ги изненадила. Сепак, јагодите и понатаму останале најпопуларна храна на Вимблдон, со продажба на повеќе од 8600 корпички од ова овошје дневно.