Џо Караца, сопственик на пицерија од Милдура, Австралија, наместо печурки на пицата како додаток става скакулци. Неговиот град бил нападнат од илјадници скакулци во последно време, а тој одлучил од нив да заработи.


На оваа идеја всушност дошол градоначалникот Глен Милн. Рекол дека е нормално да дава такви предлози бидејќи бил редовен гостин во пицеријата. Караца би воодушевен од предлогот и истиот го прифатил без многу размислување. Додал дека најлесно од се е тоа што залиха на скакулци има низ целиот град.