Флорида не е аматер кога се во прашање влекачите и водоземците на менито, но од неодамна додала нов специјалитет, бурмански питон. „Evan’s Neighborhood Pizza“ како специјалитет нуди пица „Everglades“ на која има делови од питон. Пицата е наречена по националниот парк во кој питоните се ловат како би се зачувала околината.
Сопственикот на пицеријата, Еван Даниел, вели дека тоа го смислил за да почне да се зборува за пицеријата, но сите тотално полуделе по идејата. Луѓето постојано зборувале дали питонот е негативен или позитивен, но факт било дека можат да ги припремат и дека е вкусен. Питонот има вкус како пилешкото месо, но е нешто пожилав. Поради тоа Даниел го маринира неколку часа пред да го стави на пицата. Нејзината цена е 45 долари, но без оглед на тоа што станува збор за луксуз има свои обожаватели.