Кога некој има привилегии како американските војници, тогаш научниците немаат друг избор освен да го направат она што маериканските војници и го сакаат, а тие едноставно сакаат да јадат пица. Меѓутоа, досега проблем било како да се спречи влагата од состојките да ја натопи кората и така пицата да стане невкусна.

Научниците си пограле со киселоста на состојките во пицата и добиле сос и сирење кои не ослободуваат влага во кората, а го редизајнирале и пакувањето. Резултат, парче пица со сирење кое се јаде и во следните три години, пренесуваат агенциите. Можеби не е како тазе печена пица, но вкусот е извонреден и сигурно ќе биде добредојдена за американските војници кои се на терен.