Покрај мерките и активностите за развој на туризмот, континуирани спроведуваме политики и проекти во другите сегменти за локален економски развој. Создаваме повеќе можности за бизнис, а со тоа бенефит за охриѓани. Бизнис заедницата е важен партнер на општината и ние продолжуваме да работиме на активности кои ќе ја унапредат бизнис климата, рече на денешната прес конференција кандидатката за советник од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за Охрид“, Марија Питошеска.

За да ги поддржиме идеите за отпочнување на бизнис ќе направиме регистар на сите компании и дејности кои се регистрирани во нашата општина. Отвораме канцеларија за техничка поддршка, за подготовка на документи за стартап бизниси и нови инвестиции. Новите инвестиции и стартапи ќе имаат на располагање личен административец од општината, службеник кој ќе им асистира во административните постапки, со цел да обезбеди завршување на сите процедури во најкраток рок, вели Питошеска.

Додава дека за да понудат квалитетна и разновидна услуга и да се креираат нови работни места, ќе продолжат со спроведување на мерки за поддршка за дополнителна едукација на граѓаните.

Во туристички град како што е Охрид, познавањето на англискиот јазик е неопходно. Затоа ќе креираме програми за изучување на англискиот јазик, за сите заинтересирани лица од сите возрасти, покривајќи половина од трошоците. Предвидуваме организирани обуки за занаети, вклучувајќи ги и традиционалните и современите. Преку нив им помагаме на граѓаните да се стекнат и со вештини и со знаења и да започнат свој бизнис. Општината ќе патиципира со половина од трошоците за овие обуки, информира Питошеска.

Работиме, реализираме и остваруваме за економски развиен град, за подобар стандард на граѓаните, додава Питошеска.

Н.С.Ј.