Четири млади питони побегнале од кутијата во еден патнички авион во Австралија, а потоа настанала потрага поради која биле откажани два лета. Дванаесет питони кои не се отровни биле превезувани со авионот од „Алис Спрингс“ до Мелбурн, во вреќи и во кутии со отвори за воздух.
Кога авионот слетал било воочено дека четири питони побегнале. Еден експерт за змии пробал да ги пронајде питоните но не успеал. Не е познато дали змиите се пронајдени или се сеуште во авионот, или пак побегнале од него по слетувањето. Во меѓувреме авионот откажал два закажани лета, а патниците биле преместени во дриг авион.