На сопственичката на зоолошката градина во Штудгарт и била потребна помош откако змија долга 4 метри се обидела да и ја проголта главата. Рената Клосе го чистела терариумот кога 57 килограми тешката Антониа ја зграпчила. Рената се обидела да го намали притисокот од 70-те заби, туркајќи ги палците во вилицата од змијата.Колегите ја прскале змијата со спреј се додека не се олабавила.
Рената поминала само со траги од гризнувањето и шок. Експертите велат дека притискањето на вилицата и нанесува болка на змијата, а од течностите го губат сетилото за мирис и стануваат дезориентирани.