Еден питон кој „отишол на гости“ преку терасата, шокирал една жена на седмиот кат во повеќекатница во бугарскиот град Сливен додека ја гледала омилената телевизиска серија. Врисокот на жената го кренал на нозе целиот блок во населбата во Сливен, а повикана била и полицијата. Се воспоставило дека питонот како домашен миленик го чувале двајца браќа на последниот, осми кат од зградата.
Питонот се провлекол низ отворената ограда на терасата и влегол во станот на преплашената жена. Иако не е отровен, станарите на зградата почнале да собираат потписи против питонот. Претставниците на полицијата изјавиле дека не можат ништо да сторат, а против сопствениците била поднесена прекршочна пријава. Засега не е познато како ќе бидат казнети. Секретарот на општината изјавил дека сличен случај не бил забележан на територијата на Сливен.