Питон долг 1.8 метри пронајден е во ВЦ школка во еден стан во повеќекатница во Дарвин, во тропска северна Австралија, пишуваат тамошните новини.


Northern Territory News пишува дека црноглав питон пронајден е во тоалетот на десетти кат.

Ловецот на влекачи, Крис Пеберди изјавил за весниците дека питонот најверојатно е домашно милениче кое побегнало низ одводните цевки. – Кога го видов, бев прилично изненаден – изјавил. – Можел да побегне само низ цевките во тоалетот. Морав да го искапам бидејќи смрдеше – изјавил Пеберди.