Чуварите на една зоолошка градина во Индија се вчудоневиделе кога откриле дека питонот од нивната зоолошка изел еден елен. Змијата не можела да се движи по толку обилниот оброк, пренеле странските медиуми.


Чуварите подоцна ја отстраниле змијата, а било најавено дека наскоро ќе биде пуштена во шумски резерват. Питоните спаѓаат меѓу најопасните змии на светот и воглавно се хранат со глодари. Меѓутоа, понекогаш тоа едноставно не им е доволно.