Крадците кои од центарот за истражување животни во западниот дел на Австралија украле питон од два метри не можеле ни да замислат дека тој многу брзо ќе ги одведе во затвор. Имено, тие не ни можеле да претпостават дека непосредно пред да го украдат питонот проголтал кученце кое околу вратот имало локатор.


Бидејќи локаторот емитувал сигнал и од стомакот на питонот, службениците од одделението за заштита и зачувување на животната средина без проблеми го лоцирале питонот во предградието на Перт. Повикале полиција која ги уапсила крадците и ги сместила во притвор се до судењето.