Питон долг осум метри и тежок 150 килограми со овца во стомакот еден час бил ловен од полицијата и 15 селани во вторникот во Малезија. Го здогледал Отман Таиб покрај својата штала со овци. Во последните три месеци, вели дека му снемало 10 овци.


Мислел дека се украдени, но откако го уловиле питонот, верува дека тој ги изел. Бегајќи од селаните, огромната змија проголтала до крај овца од околу 40 килограми, а нејзиниот рог му го пробил стомакот. Селаните го мавале со стапови по главата, а питонот умрел неколку часа подоцна.