Компанијата „Питон“ стана концесионер во сферата на рибарството на риболовната зона „Воска“ за стопански риболов која се протега од селото Подмоље до Св. Јован Канео и рекреативна зона (ревир) „Охридско Езеро“ за рекреативен риболов која го опфаќа целиот дел на Охридско Езеро кој припаѓа на Р.С. Македонија Охрид и Струга, каналот Студенчишта и сите притоки на Охридско Езеро како што се Коселска Река, Велгошка Река, реките Черава и Сатеска и сите нивни притоки освен изворите кај Св. Наум и заштитените зони на езерото.
Воедно, навремено информираат дека за сите заинтересирани за легален и законски риболов во текот на оваа недела ќе биде истакнат ценовник на услугите и дозволите за риболов.
Секој незаконски риболов по наведените реки и езерото ќе се санкционира по Закон без исклучок!, – потенцираат.
OhridNews