Мара Ранџер од Њујорк (САД) ја отворила машината за перење и на смрт се преплашила кога видела змија. Питонот долг два метри се довлечкал по цевите за вода и влегол во пералната на прв кат. Кога алиштата се испрале, Мара почнала да ги вади од машината кога нешто се помрднало.
– Ги извадив фармерките и повторно ја ставив раката внатре кога осетив дека нешто се движи. Скокнав и се изненадив кога се појави главата од змијата. Изгледаше огромно. – раскажува преплашената Мара.
Повикала полиција, која го извадила и го однела каде што му е местото.