Питон од четири метри, кој се нашол во базенот на еден приватен клуб во Малезија, предизвикал општа паника меѓу купувачите, но инцидентот завршил без последици, бидејќи пожарникарите навреме ја отстраниле опасноста. Питонот прва го воочила една жена која се капела во базенот, во кој имало уште осум лица, меѓу кои имало и деца. Управата на клубот веднаш повикала противпожарна единица, додека посетителите панично се разбегале.
Питонот набрзо бил отстранет. Змијата во базенот најверојатно дошла од блиските грмушки како би се разладела. Базенот се наоѓал во градот Серембан, кој е оддалечен 60 километри од главниот град Куала Лумпур. Питоните се вообичаени за тропското поднебје на Малезија, но ретко напаѓаат луѓе.