При претресот на еден стан во Рим, полицајците наишле на питон долгу дури три метри кој ги нападнал. Полицајците ја совладале змијата така што и фрлиле пиле. Под неа пронашле 200 грама чист кокаин која питонот љубоморно го чувал.
Се верува дека шверцерите ја користеле опасната змија за да ги плашат клиентите и на тој начин ги приморувале да плаќаат. Во акцијата биле уапсени 12 шверцери и биле запленети пет килограми кокаин. Грижата за питонот, кој по потекло бил од Гвинеја ја презела зоолошката градина во Рим.