Меѓународниот ден на водите 22 март  помина во сенка на локалните и претседателските избори што се одржаа во нашата држава. Сепак, обврската на институциите но и на граѓаните да работат на подигнувањето на свеста дека питката вода се помалку ја има, е секојдневна обрска.

Водата во градскиот водовод е квалитетна и исправна за пиење, велат од Заводот за здравствена заштита каде постојано ја следат состојбата.

Невладините организации постојано апелираат на рационално користење на водата, но акцент ставаат на заштитата на Охридското Езеро.

Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ меѓународниот ден на водите ќе го одбележи  денеска, под мотото „Водата-без граници-го поврзува светот“. За значењето на водата ќе се говори во дирекцијата на претпријатието кај „Билјанини Извори “ со почеток во 12 часот и 30 минути.

По овој повод, претпријатието распиша и ликовен конкурс на кој учество зедоа учениците од основните учиишта во општинава.

Во последниве години, меѓународните експерти постојано предупредуваат дека питката вода се помалку ја има на планетава, а човечкиот фактор е главен за нејзиното исчезнување.

Ohridnews