По долгата и блескава кариера која траеше цели 17 години и во која освои скоро се што може да се освои, Едгар Давидс ќе ги обеси копачките на клин и ќе се пензионира на крајот од оваа сезона. По многу важната победа над Бреда со 3-2 во неделата, новинарите му поставија прашање на 34 годишниот капитен на Ајакс дали би играл под водство на Марко Ван Бастен, кој ќе го преземе клубот од 1-ви јули:

– „Не верувам. Некогаш се мора да заврши. Ова е веројатно мојата последна сезона“ – одговори Давидс.

         
Давидс, кој ќе наполни 35 години на 13 март се врати во Ајакс во јануари 2007 година. Играше за нив од 1991 до 1996 година, а потоа играше и за Милан, Јувентус, Барселона, Интер и Тотенхем.

Еден од најнеуморните дефанзивни играчи од средниот ред од неговата генерација, освои 19 трофеи, меѓу кои Европскиот Супер Куп, Лигата на Шампионите и УЕФА купот. За Холандија настапуваше 11 години, а во 74 натпревари беше капитен и постигна 6 голови.

Популарниот „Питбул“ беше суспендиран од ФИФА на 17 мај 2001 година кога на анти допинг тестот излезе позитивен на забранетата супстанција нандролон.