Пол Паркер од Њукасл, член на конзервативната група која се обидува да ја исчисти територијата од сивите и да ги заштити домашните кафеави верверици тргнал на југот од Велика Британија за да ја подмири побарувачката за пити од верверици. Веќе учествувал во елиминирање на 22 000 сиви верверици на северот од земјата. Вели дека меѓу куварите дошло до огромна побарувачка за сиви верверици и дека мора да ја прошири работата.


Вели дека не може да улови доволно верверици за да ги задоволи потребите на пазарот бидејќи луѓето ги јадат се повеќе и повеќе. Ги продава на врвните ресторани, месари и продавници.