Пит булот кој оштетил едно полициско возило во американската држава Тенеси ќе мора да оди на дресура, одлучил судот. Кучето по име Винстон не повредил никого, но со своите заби откорнал еден дел од браникот на полициско возило и ги изгризал гумите на истото. Судијата проценил дека Винстон е многу лошо куче.
Осуден е на дресура и часови по добро однесување. Исто така ќе мора да носи и ознака на која пишува „Потенцијално опасен“. Доколку успешно ја заврши обуката, обвиненијата против неговата сопственичка ќе бидат поништени.