Како човек, кој цели 20 години, активно учествува во општествено –политичкиот живот во Охрид и Р.Македонија, како личност , кој нештедејки се себе си, и вложувајки се во процесот на остварување и плодоуживање на Уставно Загарантираните права и слободи на Египканите во Р.Македонија, имам целосно морално право и чуствувам за потреба јавно да го поставувам прашањето ЗОШТО , ТОКМУ СЕГА , ПРЕД ЗАКОНСКИ РАСПИШУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ СЕ НАМЕТНУВААТВАКВИ ПРЕДЛОЗИ???
Како што наведува и авторот на Писмото, инаку мој близок пријател, и соборник во борбата за реализирање и остварување на правата на Египканите, и мој иден колега, Комисиите за односи меѓу заедниците се формираат врз основа на член 55 од Законот за локална самоуправа кој предвидува задолжително формирање на Комисија за односи меѓу заедниците во општини каде според последниот извршен попис живеат 20% или повеќе жители од одредена заедница. Со ова не се ограничува формирањето на ваквата Комисија и во општини каде ваквиот услов не е исполнет. Ова значи дека секоја општина може да формира ваква Комисија, доколку тоа соодветствува на потребите на општината, меѓутоа кај општините кои имаат 20% и повеќе жители кои се припадници на одредена заедница, формирањето на Комисијата е задолжително, а за останатите општини формирањето на ваква Комисија е доброволно. Она што е слично помеѓу комисиите на Советот и Комисијата за односи меѓу заедниците е тоа дека предлагаат решенија на Советот по однос на прашања од надлежност на Советот, врз основа на кои Советот решава. Со други зборови комисиите на Советот и Комисијата за односи меѓу заедниците се слични според нивната консултативна функција. Ова претставува правната основа за формирање на КОМЗ во општините при што Охрид нема законска обврска но треба да постои добра волја за формирање на вакво тело што е од интерес на припадниците на заедниците што живеат во Охрид.
Е, токму тука, мојот иден колега, направил превид. Правниот основ , децидно е предвиден во одредбите од Законот за Локална самоуправа, конкретно во чл.55 од цитираниот закон, каде се предвидени основните Услови за формирање на Комисија за односи помегу заедниците.Градот Охрид, таквите услови не ги задоволува, согласно процентуалната дефинираност на етничките заедници, кои живеат во град Охрид, и затоа не постои правен основ за формирање на вакво тело. Друг моментум е ,,израз на добра волја,, на Институцијата Градонацалник, да формира вакво , во конкретниот случај, за град Охрид, неформално консултативно тело, ако по претпоставка, лично оцени дека му е потребен, што подразбира дека Градоначалникот на Охрид, не е законски обврзан да формира вакво тело.
Во Охрид, точно е дека има соживот и толеранција, точно е дека Охрид е мултиетнички и мултиконфесионален град, но никогаш не се фаворизирала перцепцијата на едноетнички град. Кога, веке ваквата идеја,за Формирање Комисија за односи помегу заедниците, сте ја имале во предвид, зошто не сте ја обзналиле јавно, уште во време на претходниот Градоначалник на Охрид, туку тоа го чините сега, во предвечерјето на распишување на Претседателските избори???Сакам да го потсетам и охрабрам, мојот соборник за правата на Египканите, дека истите треба институционално да се бараат, преку сите расположливи правни механизми, да го потсетам дека има Закон за спречување и заштита од дискриминација, Закон за унапредување на правата на заедниците кои се под 20 % од населението во Р.Македонија, да го потсетам дека има Закон за мобинг и многу други позитивни прописи, кои ги донесе АКТУЕЛНОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО.Истоа така, треба со голема благодарност, почит, и лојалност, да му возвратиме на Грдоначалникот на Охрид, др Никола Бакрачевски, за отворената, недвосмислена и јасна подршка , што му ја дава на припадниците на етничката заедница на Египканите, а авторот на Писмото го смести како Зам,Претседател на Надзорниот одбор, при ЈП,,Охридски Комуналец ,,Охрид, кој незнам дали сеуште ја извршува таа функција. Нели, е тоа, почитуван Вахид Мемед, институционална интеграција или нешто трето? Дали, некому пречи, подршката што ја добиваат Египканите , од Градоначалникот на Охрид, кој никогаш не дозволил со автобуси да носи вработени, по митинзи, како што тоа го правеа некои други.
За крај, да бидеме на чисто, идејата не е лоша, но мое лично мислење е дека за вакви круцијални прашања, адресата не е Локалната Самоуправа Охрид ниту пак институцијата Градоначалник.
Со почит, Демир Далип
Овластен преставник на Египканите за надворешна соработка и предводник на движењето ОПЕМ
*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив. Во истите не е извршена корекција на содржината на текстот ниту граматичка, ниту друга корекција