Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас добил писмо во кое имало завиткан куршум пред посетата на Македонија, објави грчкиот портал efimerida.gr., пренесува „Макфакс“.Пораката била дека куршумот е заради неговата улога во решавање на „македонското прашање“.

Пратката била испратена на почетокот на неделава до грчкото Министерство за надворешни работи, на адреса на министерот Коѕијас. Во писмото имало и порака во која меѓу другото се потенцира дека тој наскоро ќе отпатува во Скопје за да ги продолжи преговорите за името. Според порталот, пратката и куршумот се испратени на вештачење. Никос Коѕијас добиваше заканувачки писма и на почетокот на февруари годинава.

Коѕијас со првиот директен лет од Атина до Скопје по цели 12 години, идната недела на 22 март треба да дојде во земјава со нацрт- договорот за решавање на спорот за името. Грчките медиуми објавија и дека на 27 март треба да има нова рунда разговори со посредникот Метју Нимиц, во Виена.

OhridNews
извор: „Макфакс“