Сто и шест години по Илинденското востание Македонскиот народ е се’ уште оспоруван, но и  длабоко поделен. Тие поделби, за жал, допираат далеку во минатото, до Илинденското востание. Случувањата на одбележувањето на 106-годишнината на Мечкин камен, вчера, најдобро ја отсликуваат поделбата на нацијата.

Зарем е можо еден век подоцна во ситуација кога Македонија конечно е самостојна држава, Македонецот да има такви дилеми за самиот себе? Зошто е тоа така? Надворешниот фактор, внатрешниот, кој и самиот генерира големи поделби, друг фактор, тоа ни е во генот… Одговорот на дел од овие прашања и дилеми, ако не и на сите е во историските факти, без оглед на потребата на некои да ги интерпретираат поинаку. Писмо објавено од пра правнук на Тане Велов, кмет во постилиденскиот период во селото Вишни, Струшко, до европските послаништва што во моментот биле во Охрид во 1904 година, открива како се чувствувало населението во Охридско-струшкиот крај тогаш и што барало од Европа? Писмото кое го пренесуваме, инаку е објавено во книгата „Времиња и потомци – Вишни“ од проф. д-р Павле Митрески.


Г.М.