Во НУ Центар за култура “Григор ПЗГ „Буден театар“ СкопјеЗГ БУДЕН ТЕАТАР Скопје, ќе ја одигра претставата „Писмо некому“. Авторски концепт и режија е на Млиана Ленак, игра: Сара Климоска, музичари: Виктор Гајтановски и Eлена Чадиковска.
Препорачана возраст: 6+/ Времетраење: 50 мин.
Влезот е слободен.
„Писмо некому“ е интерактивна претстава за деца, базирана на приказните на познатиот холандски писател Тоон Телехен. Во неа се раскажува за осаменото китче, кое живее на крајот на светот, на работ на океанот, и затоа никогаш никој не го посетува. Китчето решава да го преплива океанот и да стигне до морскиот учител-албатросот за да научи да пишува, па да испрати писмо со кое ќе покани некого да му дојде во посета. Претставата користи интерактивен пристап, хумор и музика, и на индиректен начин ги наведува децата да размислуваат за чувствата со кои се соочува секој кој е отфрлен и осамен. Истовремено ги ангажира заедно да пронајдат начин да му помогнат на нивниот нов пријател китот да биде помалку осамен.
OhridNews