Писмо во кое првиот претседател на САД Џорџ Вашингтон позитивно реагира на нацрт американскиот Устав било продадено на 1,4 милиони долари во Њујорк. Писмото било напишано за време на жустра дебата околу ратификацијата на документот. Еден приватен колекционер го понудил на продажба во аукцикста куќа Кристи во петокот.
Аукциската куќа соопштила дека писмото кое имало седум страници било купено од анонимен купувач, кој наддавал преку телефон. Датирано, на 25 април 1788 година, писмото било адресирано до офицерот Џон Армстронг.