До спортската редакција на најчитаниот интернет портал Ohrid News пристигна писмо со реакција од Атлетскиот клуб Охрид за изборот на најдобар спортист на Охрид во 2015 година. Реакцијата на еден од најстарите клубови во Охрид ви ја пренесуваме интегрално во целост.
– Што се однесува до изборот за десетте спортисти на Општина Охрид се направи права лакрдија, но пред се да им се извинам на избраните спортисти кои не биле криви што некој игра со нивната судбина. Наиме клуб со реноме, рејтинг и традиција како Атлетскиот клуб Охрид, кој беше првак на Р.Македонија во сениорска конкуренција во 2015 год. не е избран за најуспешен во Општината Охрид, а е избран клуб кој што не го има освоено првото место во РМ, иако во 2015- тата Атлетскиот клуб Охрид во своите редови имаше 10 репрезентативци во сите категории и тоа:
Сениори-ки: Славчо Мирчевски, Стефан Стефаноски, Јулијана Вељаноска, Ангела Секулоска.
Младинци-ки: Методија Велков, Грујоски Стојанче, Ивона Димитриеска, Сара Цветаноска.
Мл.младинци-ки Мартина Мироска, Даниела Митреска.
Ние ги предложивме само Славчо Мирчевски во машка и Мартина Мироска во женска конкуренција, иако од десете репрезентативци заслужуваа повеќето од нив да бидат на список. Од двајца атлетичари беше избрана само Мартина, се разбира заслужено, но во машка конкуренција е изоставен Славчо кој 2015 направи сениорски рекорд во дисциплината скок во далечина и кој сеуште е кандидат за Олимписките игри во Рио.
Кадети и јуниори со кадетски и јуниорски резултати им го зедоа местото на сениорите-ките со сениорски резултати во десетте најдобри во Општина Охрид. Дали е тоа прав избор.
Славчо Мирчевски роден 1991 година е најдобар сениор во својата дисциплина, скок во далечина, во која дисциплина е рекордер во сениорска конкуренција со резултат 7,15 . Има освоено 10 (десет) од кои 6 (шест) златни, 3 (три) сребрени и 1 (еден) бронзен медал.
Постигнати резултати од прво до трето место по хронолошки ред
Славчо Мирчевски >
Натпревар дисц. реаултат осв. Место
Меѓун. Атл.мит. Академик 11.02.15 далечина 6,47 второ место
Добрич, Бугарија
Државно прв. Скок. Дисц. 18.04.15 далечина 7,09 прво место
Меѓун. атл.мит.Бар.Ц.Гора 01.05.15 далечина 7,01 второ место
Светски ден на атлетиката 09.05.15 далечина 6,67 второ место
Финале за КУП на РМ с-ки 30/31.05.15 100м. 11,40 второ место
Далечина 6,62 прво место
Трискок 13,25 прво место
4х100м. 44,59 прво место
4х400м. 3:37,67 трето место
Државно прв. За м-ци ВК 07.06.15 Охр. Далечина 7,15 прво место
Рекорд на РМ.
Олимписки кандидат за 2016 год.
Учесник е на сите натпревари според календарот на АФМ. Репрезентативец во сениорска конкуренција на Р.Македонија. Како репрезентативец учество зел на следниве натпревари на меѓународен план:
Меѓународен атлетски митинг Бар 2015 , Црна Гора, 01.05.15
Меѓународен атлески митинг Академик 2015, Добрич, Бугарија, 11.02.15
Државно првенство Добрич 2015, Бугарија, 14/15.02.15
Меѓународен Атлетски митинг Тирана 2015, Албанија, 25.05.15
Балканско првенство за сениори во Истанбул 2015, Турција, 19.02.15
Балканско првенство за сениори во Питешти, 2015 Романија, 01/02.08.15
Европски олимписки игри Баку 2015, Азејберџан, 21/22.06.15
Лакрдиjата од 2012 год. се повторува и во 2015 год. За сето ова е крив, никој друг туку претседателот на Сојузот на Спортови Охрид со своите пајташи, кој нема ама никаква допирна точка со спортот а стои на чело на истиот. Тој Црни Димче треба одма да го напушти сојузот бидејки таму не му е местото заедно со поцрниот од него Раде и тој до него. Се додека на чело на ССО е дотичниот претседател , и таквите како него спорт во Охрид нема да има.
Ве молам родители и останати немојте погрешно да ме разберете, не пишувам за да ги оцрнам вашите деца, миленици-спортисти, но треба да бидеме сите реални бидејки и останатите се деца на некои родители, на некој кој ги обожaвaат како спортисти.
Тренер на АК Охрид:
Проф.Влатко Димитров
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.
OhridNews