Атлетскиот клуб Охрид до спортската редакција на најчитаниот интернет портал во регионов, Ohrid News испрати писмо по повод изборот за најдобар спортист во Охрид за 2016 година. Писмото ви го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Атлетски Клуб Охрид осеќа морална одговорност да реагира на веста која се извинуваме но случајно ја прочитавме во вашиот медиум во врска со најавениот избор на спортист на градот Охрид. Како и минатата година кога бевте и Вие сведоци на истата манифестација повторно не сме известени за одржувањето на овој настан како и поголемиот број на клубови претпоставуваме.Минатата година дури се гласаше дали да се одржи манифестацијата по реакцијата на повеќето присутни клубови,зарем треба да дозволиме повторно да се случува истото и за жал грубо кажано оваа фарса да продолжи.Минатата година дури се тврдеше од страна на секретарот дека пријавата на АК Охрид не е примена па листата од лани ви ја испраќам во прилог со валиден датум за да се потврди кажаното.

Инаку и тогаш не бевме известени иако мејловите се уредно доставени своевремено до Сојузот на Спортови кој за жал никогаш не не известил за било што туку за сите настани мора да научиме преку вас медиумите.Каков е тој Сојуз на Спортови кој ни еднаш не се обратил до клубот да праша како излегува на крај во овие да кажеме тешки времиња за спортот, за жал мислиме дека постои само на хартија.Оваа година имавме двајца потенцијални кандидати за учество на Олимписките Игри во Рио за жал вероватно заради прераната смрт на почитуваниот тренер Проф. Влатко Димитров кој не беше со нив на одлучувачкиот натпревар не го постигнаа бараниот резултат и не се пласираа и покрај срушените државни рекорди.

Денес на 09.01.2017 дознаваме дека утре е последен ден за пријавување па прашање е дали можеме да доставиме уредна документација како што треба и дали постои некој урнек образец кој треба да се пополни или се остава на клубовите индивидуално да пополнуваат и впрочем кој се критериумите за избор на спортист и во кој се категории може да се аплицира незнам дали без известувањето од Сојузот на Спортови може да се достави апликацијата.

Со Почит, 

Председател на Управен Одбор на АК Охрид – Охрид

Г-дин Пецо Неданов

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

OhridNews