До воведувачот на екстерното тестирање: Или ќе го промените системот во образованието или државата ќе ја владеат неписмени луѓе! Со големи напори, вложувања, неспиени ноќи конечно ја завршив трета година средно медицинско. Мојот труд се исплати, поминав одлична со просек 5.
Но како што знаеме, оддамна се воведи нов режим во образованието, а тоа е екстерното тестирање. Се трудиш цело време за на крај да добиеш помала оценка од 4?… Разочарување не е само за ученикот, него и за самиот професор.
За мене е разочарување што сум учела тема по тема испрашувана за истите, за да завршам со сите петки и мене на крај некој од министерството ми даваат тест за цела година? Точно е тоа дека ти се дадени прашања, но пример прашањата по македонски јазик беа 400, кој е тој што може да ги научи за три дена!?
Да не должам многу, полагав Бизнис општо образовен предмет. Седнуваш пред компјутерот, ја внесуваш својата лозинка, влегуваш во системот, само што го погледнуваш првото прашање, сите одговори се исти. Те молам кое да го одговорам? Мене воопшто не ми е криво за оценката што сум ја добила. Криво ми е поради тоа што ќе учам четири години медицина и не ќе можам да се запишам на Медицински факултет во Македонија заради тоа што сум направила слаби оценки на екстерното. Можеби ме фатила трема. А, најслабите ученици ќе направат 4 и 5 и тие ќе ти го заземат местото на факултетите и ќе влезат пред оние што се труделе цела година и прашање е дали ќе завршат. Затоа имаше приемен испит, не беа за џабе воведени тие некогаш.
После нашата иднина била надвор од Македонија. Македонија си има убавини кои никогаш никој нема да ги заборави, но на Македонија ја убива системот, односно луѓето кој го водат. Поради вакви киксови, нашата иднина ја гледаме надвор од границите во Македонија. Можеби ќе биде корисно ако се направи прописно. И зошто тие оценки да се бројат во просек? Ако е за професорот, не мачетене нас учениците. Или ако е за нас учениците, не мачете ги професорите.
А може вака, додека се мачите да правите тест за цела година, подобро би било да не следете како работиме цела година.
Авторот познат на редакцијата
*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.