Ова се слики од градската болница во Охрид. Неколку дена одев таму со мојата мајка на инфузии и секој ден ги гледав овие светла запалени преку ден. Не се најде никој паметен да ги изгасне.


Во време на криза, немаштија и апели од страна на ЕВН за штедење на електрична енергија, нашата болница троши како да имаме нуклеарна централа и нема што да и правиме на струјата. Раководството, началниците, членовите на  управниот одбор, вработените, нека ги кренат главите повисоко да ги видат запалените светла и нека преземат мерки да се гасат преку ден.Заштедените пари можат да се употребат за попаметна работа, за подобрување на условите и услугата на болните. Дали и дома вака се однесуваат, или ова не е нивно, па што им  е гајле.

Се надевам дека ова писмо ќе влиае на свеста на одговорните и следниот пат кога ќе појдам на болница нема да видам ниту едно светло да гори без потреба.

Зоран М.