Ова е трета година како пишувам на „Ohridnews“.Притоа од секојдевието сум ги создавала колумните,писмата…И затоа прашувам зошто ниту еднаш,ниту збор,ниту подршка ниту забелешка не сум добила од вас три години се до вчера кога дрва и каменња почнавте да фрлате по мене?.(но не сите имаше и писма кои се согласуваа со мене и само за пример за егејците го спомнуваа Греек тоњн во Торонто и тоа колку истите егејци се прикажуваат за грци секако економски оправдано) Знам зошто зш тригодини зборвев за наши проблеми кои не ги знајте .Зошто кога на двапати по два месеци не одевме нашколо бидејќи децата ни ги тепаа не не поддржавте? И тоа и претходната и ова година.Зошто?
Каде во мојата колумна го прочитавте зборот патриот?Каде го прочитавте и тоа дека јас сум била голем патриот, голем Македонец?Кочите господа! На г-дин Никола И г-дин Милан им испратив лично писмо на нивна адреса но да не речат останатите којзнае дали пак би ја напишала истата колумна бидејќи лом ја направија би одговорила на сите да повторно би ја напишала истата со тоа што би додала докази за оние душебрижни наши.
По структура колумната ги опишуваше два вида на наши во странство и два вида на наши тука.И незнам зошто се пронајдовте себеси меѓуоние во кои јас не ве сместив?.
Сакате да ми кажете дека сите се како вас дека стрикоми од љубов кон нас и чувства кон Македонија ја продаде половина куќа на албанец со кој делиме заеднички зид или јас за инает зборувам(при тоа морам да напоменам не бевме скарани напротив)!. Можеби сум завидлива и на неговиот зет кореанец и снаа мексиканка од кои сигурно некој Џо АКО зборува македонски ќе го прегрнам.Можеби се фикција и трите братучеди од канадскиот стрико(првите се од УСА) кои по разводот го променија и презимето во германско како од мајка им.Јас како паталец пишував на оваа тема а не како гаталец.Г-дин Никола како тоа мислите не е важно каде живееш важно е како се чуствуваш?Не е точно И тоа колку е важно каде живееш.Чии закони почитувате ако не на земјата во која живеете,на чии работодавачи им се потчинувате ако не на автохтоните,чии училишта,болници,ресторани посетувате ,на кого данок му плаќате,чиј пасош имате како тоа не било важно каде живеете!.А дали ви е лесно или тешко тоа сами си знаете.Ако ви е лесно дај Боже да ви биде уште полесно за налето поради вашите трошоци јас да земам плата но ако ви е толку тешко а вие првиот воз,авион,брод и назад .немој да се измачувате колку за нас да ни обезбедите по 100,200 евра месечно .Уште околу патриотизмот.Не е патриот тој што мачка ајвар и потквасува кисело млеко туку тој што сади пиперки и чува овци во Македонија Патриот тоа е оној кој работи во Ибрахим Темо а детето го праќа да учи во Нико Нестор,Патриот тоа е секој кој студира на тетовски универзитет,П атриоти се дипломираните актери без професионален театар а се снаогаат.Патриот е тој кој студира во странство а се враќа назад,Патриот е оној кој ќе го обнови мотелот Бриони ,Патриот драги наши тоа е оној кој вее македонско знаме во Арачиново.А не брачедот од четврто колено кој таму некаде го засакавте не драги мои тоа не е патриотизам тоа е НОСТАЛГИЈА.А за неа лекот е 30 дена тука а 31 назад . А животот не се 30 туку 365 дена секоја година ТУКА.И повторно ќе речам не го аминувајте менувањето на имињата уште помалку оправдувајќи се дека таква е околината зарем моите деца заради оклината требаше да се викаат Бесник и Вулнет или децата во Гостивар или оние во Тетово .Не ги аминувајте зошто тоа е асимилација која ќе се префрли и на презимето кое ќе е тешко за изговор.
А како се чувствувате или чувствуваме тоа ни нас ни вас никој не не прашува. Тоа е прашање само за на попис!!!
Расправиите се корисни бидејќи страните ќе разменат и прифатат туѓи мислења.Ако ви згрешив простете но јас и без вашите писма знаев дека постојат НАШИ луѓе насекаде низ земјината топка.И повторно ќе речам ве почитувам ви се поклонувам ве сакам и ве чекам да се вратите ТУКА. За крај ви го оставам мојот меил на кој колку пати и да ми напишете толку пати и во секое време ќе ви одговорам.