Актуелна е тезата дека во Охрид нема туристи, односно дека е намален бројот на туристите, во споредба со предходните периоди.  Што секако дека тоа не е точно, односно дека туристи има можеби и двапати или три пати повеќе, но статистистиката тоа неможе да го регистрира, како ни финансискиот ефект од зголемениот број на туристи. Но едно е сигурно точно, а тоа е дека има се помалу туристи во приватното сместување и финансискиот ефект во овај сегмент од туристичкото работење има и намален финансисики ефект, и покрај инвестициите за подобрување на  условите за сместување и престој.
       
Веднаш се наметнува прашањето, што е причина за таквата состојба?

       

Општиот одговор на оваа прашање, секако е сивата економија и монополскиот карактер во туристичкото работење.

       

Во најголем дел, во природата на луѓето е егоизмот, односно човекот да присвојува само за себе. Тоа е основата за сивата економија и не само тоа, туку и неорганизираноста и неприлагодивоста на законите во државата да го земат тоа што незе и припаѓа. Но, да се вратиме на сивата економија и причините за неа  во туризмот во Охрид, и не само во Охрид, таа е присутна помаку или повеќе во целот свет. Како најчести причини за сивата екномија, кој ние обичните граѓани, можеме да ги согледаме се следните:

– Туристичката такса, односно нејзината примена кај сите даночни обврзници. Имено, таксата за секој гостин е еднаква (40 денари – за домашни туристи) за сите категории објекти. Ако некој тоа го оправдува со тоа, дека таа треба да се вкалкулира кај секоја услуга и бара логика во тоа, такво нешто нема. Зашто процентот на задолжување  и на гостинот кој плаќа 250 денари дневно изнесува 16%, а на гостинот кој плаќа 600 изнесува 6,7% на гостинот кој плаќа 900 денари 4,4% и т.н. Значи постојат две можности или таксата да се намали или да се применуваат повеќе видови на туристички такси.

–  Користењето и уреденоста на плажите. Ова е “сложен и дискутабилен проблем”, но едно е сигурно дека користењето на плажите, не е подеднакво достапно на сите категории на гости – на гостите кој престојуваат во приватно сместување и на гости од објектите покрај обалата. Како посебен проблем е неуреденоста на плажите и неможноста на овој вид на граѓани да влијаат на ваквите состојби. Сите концесионери кои ги имаат земено плажите на користење, не се придржуваат на договорите што ги имаат склучено, а нормално е тој што дал пари за користење бара и истите да си ги врати и тоа со добивка. Но, за тоа како ќе ја оствари таа добивка, некој од нив и за кој период, не бираат начин и средства. Во најголем дел концесионерите се однесуваат како да се газди на тие плажи и затоа не ги почитуваат договорите со државата. Некои газди на угостителски објекти станаа газди и на плажите. Треба да се има предвид дека Охридското Езеро е езеро, а не море и дека плажите кој се достапни за користење се со ограничена на обала од околу 10-15 километри. Голем дел од плажите се приватизирани по пат на узурпација, од угостителски објекти кој се во близина на обалата во центарот во Охрид, од тајкуни кои работат во угостителството. Плажите кој се земени по концесија се целосно покриени со лежалки и други реквизити  со астономски цени, а пијалоците и другите прехрамбени производи се посебена приказна која не е предмет на оваа анализа. Според наше видување тоа може да се реши на следниот начин:

Плажите да се дадат на концесија без надокнада, но на концесионери кој ќе осмислат најдобра програма за уредување, а за тоа да постои и соодветна контрола.     

– Дивите станоиздавачи. Најголем дел од викед становите во Охрид, се издваат на диво, и тоа на гости кој се испратени од агенции од Охрид и Скопје. Ваквиот туризам не само што претставува нелојана конкуренција за малите приватни станодавци од Охрид, туку и го преоптеруваат буџетот на општината, односно ги зголемуваат трошоците на јавните претпријатија од Охрид. Треба да се има предвид дека со издавањето на викенд становите, се зголемува и збогатува туристичката понуда, но тоа треба да биде врз реална и лојална конкуренција.  Каков е излезот од ваквата состојба. Најпрво е потребно детектирање и регистрација на становите регисртирани како викенд станови. Секој сопственик на стан треба да ги пријави сите членови од неговото потесно семејство. За останатите членови кој ќе се затекнат во станот без присуство на еден од членовите на неговото потесно семјство треба да се плати туристичка такса или казна.

– Катастрофалната урбанистичка состојба во градбата на гардот и лошата сообраќајна инфраструктура ( лоши сообраќајници и урбана џунгла во центарот на градот). Треба да се истакне дека во градот Охрид, дивеше и сега се уште диве, урбаната мафија, која од потесното подрачје, а сега и во поширокото подрачје напарави урбана џунгла. Имено, стандардите за паркинг простор никаде не се почитуваат. Како резултат на тоа сообраќајниците и инфраструктурата која ја патат сообраќајниците се во катастрофална состојба. Некои згради се изградени, буквално на улица. Зелените површини ги нема дури ни на минимум. Зградите покрај брегот на езерото го затворија дури доводот на свеж воздух, а во сообраќајот створија хаос. Решение: Додека не се донесе детален урбанистички план на градот, да запре секаква нова граба, или доградба на целата територија на општина Охрид. До тогаш да има само уредување на фасадите на зградите и слични градежни работи.  

– Лошата организација на работа во работењето на туризмот, беше причина за хаосот кој се создавше на улиците на градот. Имено, хаосот кој што владееше на улиците во градот, а го создаваа станодавачите,  бараше и одредено решение. Не ретко помеѓу станодвачите настануваше караници и тепчки кој даваа грда слика на угледот на градот и достоинтвото на сите граѓани на Охрид. Државната администрација беше повикана тој проблем под итно да го реши. Но, сепак прашање за дискусија е, дали сегашното решение е најсреќно и дали е во рамките на демократските процеси кој се во важност во РМ, и на крај дали е се во рамките на закнските прописи. Ако до тогаш непристојно се однесуваа станодавачите и нивните претставници, прашње е сега дали испекторите и полицијата кој се поствени за да не се случуваат такви работи работи, во рамките на демокраските процеси.

Не се јасни улогата, задачите и методите на инспекторите и полицијата, дали се тие повикани да ги решаваат споровите или да ги дисциплинираат и сите граѓани станидавачи и членови на нивните семјства кој ќе се најдат на улица. Нели тоа ги надминува  нивните овластувања, и на крај според кој законски акти ги спроведуваат нивните активности и дали тоа се со уставот на Р.М. дозволени дејствија. Решението на овај проблем е во воспоставување на институции и организации кој ќе ја регулираат оваа дејност. Имено, потребно е да се формира туристичка берза со свои истурени деловни единици на кој слободно ќе се среќаваат станодавачите и гостите корисници на тие услуги.

– Тенденции да се монополизира работењето на туризмот не само на територијата на градот Охрид туку и целосно на територијата на Р.М, постојат и се активни. Јасно е дека ваков систем на општествено уредување, носи и вакви тенденции.

Погледнетте ги останатите дејности од стопанството особено трговијата. Најголем број на мали дуќанчиња за стока од широка потрошувачка пропадна за сметка на големите маркети. Постојаните контроли (финансиски, трудови и други) ги обесхрабрија ситните трговци. Окрупнувањето започна и во дејноста на туризмот. Сите новоиздрадени згради и станови имаат за цел да ги затворат сите мали сметувачки капацитети. И најпрво ситните сместувачки капацитети, а потоа и останатите дејности во туризмот. За брзо време се очекува и приватизација и на дел од останатите атрактивни делови од обалата на езерото. Ниските огради кој се поставуваат сега за брзо време ќе прераснат во повисоки, пошироки  и поневидливидлива обала. Постои и друг феномен. Имено, обалата на езерото со разни махинации и малверзации се приватизира, и се дава на приватни лица за потоа да можат да ја купат од страна на туристичките тајкуни. Делови од обалата кој што порано биле под вода, и водата се повлекал, сега се измислува дека биле ниви на приватни лица и се даваат на приватните лица,  за да се откупат од страна туристичките тајкуни. Нешто такво слично се случува и со планинскиот појас во близина на езерото. Затоа околу вас ситни приватни станодавачи се стеснува просторот за работа. Вас мора да ве нема. Сите предходни писма одат во таа насока. Охриѓаните ги прават нељубезни домаќини неспособни да водат туризам, иако се работи за спортивното, и охриѓани секогаш го докажувале.  Треба да се има  предвид и тоа, дека основен мотив за културно и љубезно однесување на персоналот, помеѓу останато е и мотивираноста за работа во туризмот.  
       
И на крај, целата  на оваа писмо не е да ги детектираат сите причини кој влијаат на аномалиите кој се среќаваат во работењето во туризмот во Охрид, туку да се отвори простор, за да се детектираат непрвилности во работењето и да се предложат повеќе решенија за подобување на истото. Значи оваа писмо не претендират целосно да ги пронајдат причините и целосно да ги решат проблемите, туку да се отвори дискусија за да отпочне процесот на решавање на дел од проблемите.              

Авторот познат на редакцијата

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.