Немат баш и шо друго да прам туку по цел ден да висам на интернет и да читам за Охрид. Е, имат тука (шо е и нормално) работи шо држет вода а и шо не држет ни капка.

Ко за почеток ќе се задржам на изјавата на советничка во Градскиот Совет, даена пред некој ден. Припадничка е на партија која е “во немилост” на народот. Истата таа, покажа со прст на некои членови од партија шо е “во милост” на народот, па им рече дек… Охрид си имат своја историја и та не требит да се менвит… дек тие се дојденци, кој от ваму-кој от таму и како такви немет право да му го менвет името на Кејот.

Ова јас го сфаштам… како да таа е од Охрид и се осешчат загрозена аку нешчо се менвит во градоф, дали е убо или неубо… не е важно!

Убо! Убо е да имаш осет за припадност, ама е дрскост да мислиш дек требит да клајш вето на све шо не се сложвит со ставот на партијата која себеси се сметат за неприкосновен наследник на партизанлакот. Улицата на која живејт мојата (и поширока) фамилија, во минатото се викала “Рузвелтова”. Тие шо биле кој от ваму-кој от таму, а биле победници во исходот од “партизанско-нацистичкото недоразбирање”, без да го опитет народот, го сменале името во денешното, “Марко Нестороски”. Сега…???!!! Шо прајме сега??!!

А пак си велам самиот себеси… не оту некој пцујат по сегашното име на Кејот…!!?? Не оту луѓето не шетет по него??!!

Ристo Ристе

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.