Лораријата како и секоја друга игра на среќа ќе усреќи мал број на луѓе но, како и секоја друга игра на среќа ќе ги унесреќи оние што не добиле каква-таква добивка.

Предлогот за враќање на ДДВ на крајот на годината е издржан, применлив во пракса во многу држави кои се далеку пред нас во секој поглед а посебно на економски и социјален план.

Обичниот човек кај нас тоа недоволно го разбира а лораријата му се чини примамлива и ја подржува. Што се случува ако се прифати идејата за враќање на данок?

На секој граѓанин кој преку годината инвестирал во градење на куќа, доградба, купување на автомобил и други работи на крајот на годината му се враќа поголемиот дел од платениот данок а во зависност од тоа колку приходи имал во годината и колку расходи. Овој систем функционира во Австралија каде државата има поставено овластени лица кои на граѓаните им ги пресметуваат приходите и расходите и државата го враќа данокот.
Се прашувате зошто државата да враќа данок и од каде тие пари, ќе се зголемат биџетските трошоци и сл.Но вистината е друга.

Ако граѓаните повеќе трошат, ако повеќе се гради, ако се купуваат автомовили и др., за да се произведат овие равоти треба фабрики каде газдите ќеси плаќаат данок на произведените работи, тамо ќе работат работници кои ќе примаат плати но и ќе плаќаат (како и сега) данок … што значи државата пак ке си ги врати средствата во буџетот. Што значи парите само ќе кружат а од тоа ќе имаат корист сите.
Но да не должам, јас не сум експерт ниту за економија ниту за финансии но користа од повратокот на ДДВ ја почуствував и осознав лично во една од овие земји. 

Нека ова писмо е поттик за дискусија на оваа тема и обраќање на стручни лица до граѓаните за да им ја објаснат користа од повратокот на ДДВ.

Авторот познат на редакцијата

*Ставовите изнесени во рубриката „Отворена“ (Писма-Колумни) се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.