За мирен пат и да ме чува господ во секакво време по патиштава. Дома имам модерен саат со слика од Свети Јован Канео. Исто имаме уметничка слика од Свети Наум, за спомен. Таму го крстивме нашето детенце. Некаде по собиве имам мали икончиња, за атер верата. Се надевам дека некоја сила не пази во домов.
А дали сум активен верник?
Не. Искрено не сум. Само во моменти за празници. И ако сум во близина на црква. Ама сепак имам многу почит кон верата православна. И зато се мислам секоја година: дали фрлањето на крстот во Охрид навистина е атер господ или напумпана (наместана) комерцијална забава?
Секој си имат право на свој начин да си прави што сака. Да верува или не. Но народот не е глупав и слеп за тоа што се случува секоја година на 19 јануари на пристаниште. Некаде во 2002 или 2003 година бев сведок на неубави работи и оттогаш дефинитивно се решив да не ја сфаќам оваа манифестација на охридското пристаниште сериозно. Како очигледно тогаш целата работа беше наместена? Јас стоев кај поранешната библиотека. Пред мене имаше можеби десетина мажи со црни маици. Сите беа горди, подготвени, весели за атер господ и денот да скокнат во ладната вода и со надеж дека можеби ќе го фатат тие крстот. Попот пееше. Се слушаше во далечина. Гужви, изначичкано со народ. Топла ракија, весели луѓе. Секој еден со надеж. За подобар живот, здравје и среќа. Во тој момент сите граѓани еден час си ги заборавија своите економски проблеми. Владиката беше прикрај со свечената литургија. Во секој момент ќе се случеше фрлањето. И ете. Го фрли. Тишина. Галама. Младите пред мене пливаа со цела сила од кај библиотеката кон светилникот каде што беше владиката. И тука некаде веќе 20 секунди под вода лебдеше крстот. И тап веднаш едно дето од едно кајче до бродот од владиката скокна в езеро и го фати крстот. Се радуваше со цела душа и сила. Сите видовме што се случи и како. Во публиката имаше коментари гласни: уууууу, аааааа, уууууу, ааааааа. А другиве што се трудеа да го фатат крстот останаа разочарани. За секунда се продолжи како ништо да не се случило. Пред очите на владиката, попови, славни гости, новинари, камери, сликари, охриѓани, туристи. Мене ми дојде неубаво чувство. Како сведок се засрамив од целата случка. И сигурно господ од горе виде што се случи. Но никој не презеде ништо. Славниот тип беше херојот на денот и одеше по куќи да го даруват со пари. Ама зошто? Зошто да е вака?
Да бидиме искрени и реални сите. Нели секоја година има по некоја забелешка и двоумење. Се е како што е. Неможе да е секогаш сјајно и перфектно. Некоја година излегува пофер, а некоја не. Затоа ги повикувам сите тие што ја организираат оваа верска манифестација да преземат конечно посериозни мерки. Нека биде ова манифестација и комерцијална. Доаѓаат туристи.
Супер нека се полни хотелите и рестораните. Тоа е добро за охридската економија. Ама е свет ден. Охрид е под микроскоп.
Дојде време преку интернет цел свет гледа што се случуваа и во Охрид. Нема криење. Да биде искрен, рамноправен ден за секого. Секој еден да може да бидит среќен, херој од господ. И здравје да слушнеме дека го фатил крстот оваа година конечно некој Коле од Воска или Ацо од кај Црногорцине или Сашо од Влашка Маала. А не да е секоја година забава за истите луѓе. За мал круг. И ги повикам сите други што ќе скокаат да пливаат со план. Во група, со тактика. За да не го фаќаат секоја година истите групи крстот! Нека биде и малку натпревар помеѓу младите од цел Охрид. И сите од едно исто место да скокаат. Рамноправно, чисто. Така како сто сака и не учи господ……
За многу години и среќен празник.
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.