Деновиве на интернет кружи скандалозен видео клип кој како што се наведува во писмото на нашиот читател, Мишко Ѓоршески, го направиле учениците во охридската Гимназија кои вандалски се однесуваат на час по музичко.


исечок од скандалозниот клип

На клипот се прикажува недолично однесување на ученици кои се изживуваат со училишниот инвентар и професорот, а истот го ставиле на повеќе јавни веб страни, ни пишува во отвореното писмо Мишко Ѓоршески:

„Сакам да го искажам моето жалење за ненормалното однесување на „учениците“ кое однесување е продукт на неспособноста на раководителите на оваа образовна институција да воведат ред и дисциплина и исто така е продукт на домашното не-воспитание на овие малолетници.

Сакам да напоменам дека овој проблем не е од сега, овој проблем е огромен проблем во охридското однесување кој трае скоро две децении.Зошто вака се однесуваат младите,без никаква доза на почит, без никаква грижа на совест, без никакви размислувања за последиците од нивните постапки???

Тоа е затоа што охридското образование се темели на меѓусебни познанства на тато и мама или некој близок роднина,комшија, зет за прва братучетка со поединечни професори(кои како што знам јас би требало да се педагози), луѓе на одредени квази функции кои меѓусебно „заради децата да поминеле со сите петки“ ја запоставуваат првенствената намена на оваа институција.

Дали е ова иднината на Охрид? Дали се овие личности тие што во иднина ќе бидат јавни фаци, или локални мафијаши? Дали е ова драги мои сограѓани нормално,морално, етички???   

Вакво однесување е крајно нетолерантно и многу ме интересира каква ќе биде реакцијата,  мерките на одговорните органи на Гимназијата (директорот и наставничкиот колегиум).Согледајте се себеси и вашите продукти и видете што прават вашите продукти на час“!!!

Искрено и со почит
Мишко Ѓоршески