Инспириран од текстот: “Убавините на Св. Наум скапоцени“
Можеби случајно еден од гостите изрази воодушевување од еден од возачите на кајче низ изворите кој не само што зборувал повеќе јазици, туку објаснувал повеќе од водич, за на крај да запее македонска народна песна при веслањето. Малку ме изваде од резилот зошто како да им го објасниш на гостите проблемот со нечистотијата. Можеби подобро еден ден пред да доаѓаме во Св. Наум со гости да си дојдем и го исчистиме сметот? А дека е можно да е чисто дури и без некој да ви плаќа огромни такси и плус и влезници најдобар пример е црквата Св. Богородица во Скребатно – кој не верува нека оди да види.
Да го искористам обраќањево и да се осврнам на новоизградените црквулиња (од бетон), вештачките водоскоци (на струја) и базенчиња (со индустриска вода), за кои мислам дека само ги нагрдуваат милениумски старите цркви и милиони години старите извори и езерца – кои се дел од рајот – кој има шанса да постане комерцијализиран пекол.