Почитувани,
 
Ви се јавувам по повод неодамна објавениот прилог “УНЕСКО ја прогласи 2013 за година на Кирил и Методиј”, со забелешки на неколку изнесени податоци.
 
Како поранешен новинар сосема ми е јасно дека прилогот е преземен по агенциите, буквално преведен и објавен во изворна форма. Тоа, меѓутоа не е никакво оправдание за невистините и погрешните презентирања на одредени факти за животот и делото на солунските брака!
 
Пред се, во самиот наслов стои “Кирил и Методиј”, што е сосема некоректно бидејки тие се прогласени за светци пред многу векови и единствено исправно титулирање е “Св. Кирил и Св. Методиј, или “Светите Кирил и Методиј”. Патем, Папата Јован Павле II нив ги прогласи и за “заштитници на Европа”!
 
Во прилогот стои:”По желба на императорот Михаил III прво го прифатија повикот на бугарскиот цар Каган да проповедаат христијанство во јужна Русија”! Апсолутно неточно и тенденциозно тврдење (можеби како концесија кон актуелната шефица на УНЕСКО Ирина Бокова, која по потекло е Бугарка). Бугарскиот цар Коган нема никаква врска со мисиите на Светите Кирил и Методиј (ги има вкупно четири, а не две како што е наведено во прилогот). Првата и најважна мисија на светите браќа е во   М А К Е Д О Н И Ј А (види проф. Бранко Панов и Акад. проф. Стјепан Антолјак). Имено, Византија во времето на Михил III е расчеречена на два фронта – во Мала Азија води тешки борби со Сарацените (Арапите) и во Македонија каде македонските склавинии се во формирање со тенденции да ја игнорираат централната власт во Константинопол. Михаилл III одлучил на Арапите да се спротистави со војска, но во Македонија со Светото писмо, т.е. со воведување на народот во Христијанство. За таа цел, и токму само за таа цел, Михаил III ги испраќа во мисија најучените луѓе на византискиот дворец, солунските браќа кои ги знаеле сите модерни јазици од тоа време, а одлично го знаеле и јазикот на локалното население околу Солун – старомакедонскиот, што е своевидна потврда и за можноста за нивното  м а к е д о н с к о потекло!!!
 
Светите Кирил и Методиј за главен центар на својата мисија го одбрале Равен, на изворите на река Брегалница (недалеку од денешно Пехчево) по чие течение и го проповедале Светото писмо, заради што таа – ПРВА мисија во науката е позната како БРЕГАЛНИЧКА МИСИЈА, а траела   ц е л и   д е с е т  г о д и н и!!!
 
Втората мисија на светите браќа била во Херсон, на островот Крим, меѓу ХАЗАРИТЕ (еврејско племе) и траела една година; третата мисија е меѓу Сарацените, во Багдад, а дури последната мисија е во Моравија, на покана од кнезот Ростислав.
 
Во прилогот се вели (демек пред да одат во мисија во јужна Русија (!?)): “Како монаси прво составиле словенска азбука – глаголица од 38 букви:!? Неточно! Најзначаен документ за животот и делото на Светите Кирил и Методиј се “Панонските легенди”, што претставуваат   ж и т и е   за светите брака за кое постојат многу сериозни тврдења дека го напишал Св. Климент Охридски, нивниот најверен и најспособен ученик. Таму јасно стои дека солунските браќа “дојдоа во Равен, на Брегалница, и измислија писмо со 38 букви”. Подобар доказ од ова – здравје. Со други зборови: глаголицата е измислена во Македонија, во Равен на река Брегалница и за ова нема место за поинакво толкување!!!
 

Впрочем, за да можат успешно да ја реализираат својата зададена мисија да го просветуваат македонскиот пагански народ и да го воведат во Христијанство, ним им била потребна азбука   п р и л а г о д е н а  на спецификите на старомакедонскиот јазик, на којшто ги преведувале светите книги .

 
Во науката не е спорно значењето на Моравската мисија бидејки поради таа мисија Римскиот папа дава благослов Светиото писмо да се проповеда и на “словенски јазик”, покрај латинскиот и старогрчкиот, со схто старословенскиот, т.е. старомакедонскиот јазик е издигнат на ниво на еден од библиските јазици. Следствено, славата за просветителската мисија на Светите Кирил и Методиј ни припаѓа пред се нам, на Македонците, а се разбира и посшироко
 
 
Амбассадор Мартин ТРЕНЕВСКИ, М.А.
Срдечен поздрав од Брисел!

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни  се ставови на авторите и
редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.