Сакам да искажам незадоволство, а се надевам дека и многу други гледачи кои беа на концертот на Здравко Чолиќ на „Билјанини извори“ дека и тие се разочарани од организацијата на концертот.
Гледачите културно си платија за ВИП местата кои се движеа од 1500 и 3000 ден.,а не беа баш и евтини, но желбата да се биде на концертот на најголемата балканска ѕвезда е голема. Човек плаќа и повеќе за да биде поблиску и на подобро место до бината. Никој не размислува за парите се додека не види дека е изигран.Трибините беа полни со вода, а перничињата на седиштата беа жива вода уште фалеше шампон и со нивното цедење да се искапиш.Трибината беше толку далеку што Здравко изгледаше како да има висина од 2 сантиметри. Незнам зошто но ништо не ми е чудно, изгледа зошто концертот се одржуваше во Македонија каде никој не одговара за она што не го сработил како што треба, а го зел само кајмакот(парите) од целата работа.Само се чудам до кога вака, а никој да не плати казна.
И покрај незадоволството целата убавина беше во прекрасниот глас на Здравко Чолиќ кој концерт да одржи и на обична ливада ќе биде прекрасно да го слушаш, а сигурно и подобро ќе го гледаш. Мене искрено ми претставува срам и мака што само кај нас во Македонија се одржуваат концерти како од пред 70 години. Мислам дека уште сме далеку од она како се организира и работи во Европа и Светот. Се надевам дека некои генерации ќе донесат нешто ново и модерно во нивната организација и работа како што е во запад. И ве молам да бидеме самокритични, а не само да се фалиме и замижуваме дека се е розево и убаво.
Пеце Марковски