Кога после деценија и пол успешен развој на една од најтрадиционалните манифестации во Општина Охрид како што е Курајчкиот карневал, на крајот на 2010 година Советот на Општина Охрид  донесе Одлука за финансиска поддршка на оваа манифестација а истата беше поддржана и од Градоначалникот Александар Петрески и јавно беше промовирана на прес конференции, помисливне дека конечно ќе имаме можност истата уште повеќе да ја унапредиме и како таква да стани вистинска регионална атракција. Тоа беше пред се плод и на долгогодишната соработка со Градоначалникот кој и изминатите години не поддржуваше и се залагаше она што е вредно уште повеќе да се развива и со кого и покрај сите тешкотии ДОГОВОРЕНИТЕ ОБВРСКИ СЕКОГАШ СЕ ЗАВРШУВАА НА ОБОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО.

За информација на јавноста во изминатата година се направи измена во начинот на доделување на средства за потребите на карневалот и од страна на раководителот на ЛЕР ни беше кажано дека ќе биди објавен повик за поднесување на проекти за манифестации, со што би се овозможила една ваква поддршка.

На жалост и покрај најдобронамерните одлуки како на Градоначалникот така и на Советот на Општината, сето ова се претвори во една тешка и мрачна агонија кога дојде во рацете на Раководителот на ЛЕР Гоце Симоноски.

На објавениот Јавен повик здружението на граѓани Свети Василиј, аплицираше со проектот Василица 2011, по што истиот беше одобрен. Во тек на подготовките на манифестацијата и активностите на кои што секоја година волонтерски работат сите жители на селото, раководителот на ЛЕР дури и испрати своја комисија за контрола, која што на лице место утврди дека во селото се прават сите неопходни припреми за карневалот, како што е опишано во проектот. За самиот карневал имаше десетици пишани изјави на новинари, медиумски куќи, извештаи на веб страници, со што уште еднаш се покажа дека дружението, и сите жители на селото во целост си ја извршиле задачата како и во изминатите 20 години наназад. Публицитетот беше огромен.

И што се случува..??

Во рокот определен со проектот Здружението го достави завршниот извештај за манифестацијата до секторот за ЛЕР и истиот беше прифатен дека е позитивен. Доставени беа и докази за сите извршени исплати на музички групи, пеачи, награден фонд и други трошоци што манифестацијата ги има секоја година. ОД САМО НЕМУ ПОЗНАТИ ПРИЧИНИ, РАКОВОДИТЕЛОТ СИМОНОСКИ ДО ДЕН ДЕНЕСКА  НА ЗДРУЖЕНИЕТО НЕ МУ ИМА ИСПЛАТЕНО НИТУ ЕДЕН ДЕНАР ОД ДОГОВОРОТ, иако и самиот во изминатите години бил гостин на оваа манифестација и е свесен за значењето и големината на трудот што го вложуваат СИТЕ ЖИТЕЛИ НА КУРАТИЦА. На жалост на Градоначалникот и на Советот на Општина Охрид, на сите гости и посетители, намерата оваа манифестација да се поддржи Е  ГРУБО ОТФРЛЕНА  ОД СТРАНА НА СИМОНОСКИ. Се поставува прашањето ЗОШТО??

Ние како Здружение мораме да ја известиме јавноста, посебно жителите на селото Куратица и сите кои водат потекло од нашето село дека КАРНЕВАЛОТ  СЕ ОПСТРУИРА ОД СТРАНА НА САМО ЕДНА ЛИЧНОСТ КОЈА СИ ЗЕМА ЗА ПРАВО ДА РАБОТИ СПРОТИВНО НА ОДЛУКИТЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И СОВЕТОТ  НА  ОПШТИНАТА. Таа личност од денеска натаму е НЕПОЖЕЛНА ВО СЕЛОТО  КУРАТИЦА. Ние нема да застаниме на ова, ќе мора да провериме кој и какви проекти финансира овој раководител со парите на нас граѓаните?? Аку ваква една манифестација се казнува со вакво самоволие, КАКВИ ПРОЕКТИ СЕ ФИНАНСИРААТ?? ЧИИ  ПРОЕКТИ?? Наместо парите да се финансираат во селата и по месни заедници во кој што од никаде од друга страна не се добиваат средства се финансираат сомнителни проекти на приватни лица? За информација на јавноста Здружението Свети Василиј брои 120  членови а не 5 или 6 собрани набрзина луѓе за да се истргаат пари од општината.

Ние сме на прагот на 2012 година и не очекува пвторно организација на Василица, селото Куратица пак ќе биде домаќин на илјадници гости, кои ке бидат уште поубаво пречекани. Се поставува прашањето до кога Советот на Охрид а пред се Градоначалникот ќе го губат својот авторитет на донесени одлуки кој што не ги почитува нивен службеник??

Горан Ангелоски
Претседател на Здружението на граѓани Свети Василиј


*
Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на
авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за
содржината на истите.