Во стариот дел од градот  I урбана  единица континуирано се вршат узурпации на општествено земјиште и покрај тоа што Министерство за транспорт и врски-државен инспекторат,  има доставено до урбана полиција на ПЕ Охрид налог за административни извршувања за редица изградени објекти .  

И сега со  Предлог ДУП за I урбана единица во најатрактивниот дел од градот, е  направен урбанистички хаос од страна на изработувачот на урбанистичкото решение од Гостивар. Изготвувачите можеби никогаш не стапнале во овој дел од градот и никогаш не ја осетиле душата на овој толку суптилен простор за да можат да го организираат.ДУП за оваа УЕ, кој е изработен како да се однесува за некој периферен простор од Охрид. Со ова не сакам да ги потценам останатите делови од градот.

Со додавање на разни  доградби на постојните објекти кои на ништо не личат, со поставување на маркици за нови објекти само да се задоволат апетитите на  жителите од оваа УЕ, без да се води  грижа за визурите кон езерото и за  традиционалната  доследност на  веќе постојната  и призната  архитектура на неколку дена пред избори се организира јавна анкета со што  организаторите навистина  го впрегнале граѓанинот  на овој прекрасен град во   остварувањето на сопствените лични интереси. 

авторот се претстави како:
Милан Кипроски       

Важно:
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на ohridnews.com и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.

Од редакцијата