Како причина за ова мое писмо до вашата редакција е се поголемиот тренд на разводи како во државата, така и во Охрид. Овој се поголем негативен тренд во нашето општество може да се види од податоците на институциите како и нешто што го слушнав од колегата кој седи спроти мене во канцеларијата и кој пред некој ден ми даде информација дека во одделението во кое учи неговата керќичка (инаку девојчето има 8-9 години) од 22 деца 18 се деца на разведени родители.

Па добро бе „совесни родители“ што сакате да направите од вашите деца??? Како ќе ги воспитувате вашите деца дека бракот е светост, дека треба да си формираат семејство, а вие сте го уништиле вашето??? Кој ќе ја сноси одговорноста за девијантните појави во нивните животи (затоа што факт е дека децата кои живееле со еден родител се многу повејќе склони кон тоа него другите)??? Можеби причини за развод на брак имало, меѓутоа со разводот на бракот не сте ги решиле проблемите, туку само сте си ги уништиле децата и нив сте им создале многу поголеми проблеми во животот и дупки кои тешко дека ќе се скрпат со тоа што еден од родителите ќе го гледа 2 саати неделно детето. Зарем не Ве боли кога вашето дете ќе ви рече „Мамо/тато кога ке одиме заедно кај мама/тато“??? Што ќе им одговорите на тие прашања???

Да не бидам погрешно сфатен, ама луѓе бегате од традиционалното и она што е свето и за што сте се заколнале пред бога. Пак ќе речам да не бидам погрешно сфатен, ама бре луѓе се знае за што може да се разведете (не дај боже неверство, пијаница бил или коцкар). Не само мене ми е поубаво кај мама и кај тато и јас ќе си одам. Да, ама прашајте ги децата кај им е поубаво, а не само да живеете сами за себе. А ако сте сакале да си живеете со тато и мама ваши, тогаш зошто сте правеле деца кои сега ги уништувате???

Значи, целта на писмото не е дека треба да го заджите вашиот брак по секоја цена, туку да работите и да ги решите меѓусебните проблеми во бракот и да продолжите понатака. Со разводот ништо нема да решите, туку само ќе избегате од реалноста во која за брзо ќе се вратите. Бракот и децата нека ви бидат светост и пробајте да ги оставите гордоста и суетата некаде зад вас. Борбата за успешен брак е многу тешка и долга, но резултатите од тоа ќе се среќни деца кои што ќе живеат со двајца родители, и кои никогаш нема да ги доведите во лоши ситуации како претходно наведените. Или како што не учеа во средно дека Макијавели рекол „Целта ги оправдува средствата“. Баш така… Потрудете се и бидете упорни за да ја постигнете целта……

авторот познат на редакцијата