Теоријата јасно дефинира што е рабат, а што маржа. И рабатот и маржата е разликата во набавната и продажната цена со која трговијата ги покрива трошоците и остварува добивка односно профит.

Маржа е разликата помеѓу набавната и продажната цена што трговецот сам ја одредува и таа може да биде и повеќекратно поголема од набавната цена. Во формирањето на малопродажната цена производителот нема влијание. Во некои случаи малопродажната цена ја одредува производиелот (најчесто на прехрамбени и други производи за широка потрошувачка) и во тој случај одобрува рабат. Рабат е разликата во набавната и продажната цена што ја одредува производителот и често малопродажната цена е означена на амбалажата на производот. Во тој случај трговецот не би смеел да ја зголемува цената.
 
Според логиката на теоријата, функцијата на рабатот е да го заштити производителот од неконтролирано зголемување на цената од страна на трговецот што доведува до отежнување на продажбата, и намалување на потрошувачката. Но, праксата покажува нешто друго. Поради неинформираност на потрошувачите и подреденоста на производителите да реагираат, трговците над рабатот ставаат и маржа.

Останува прашањето дали постои законска регулатива и дали пазарните инспектори обратиле внимание со што би се оневозможила  оваа појава.

Вера Главинчева