Струшка пролет 2012 год. Вистина или лага. Минато,сегашност или иднина.
Во предвечерието на прославата на Комитската вечер на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга како и месеците и деновите на работа на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Струга конечно во воздухот мирисаше на мир и спокојство. Се течеше како што би рекле стружани “намачкај ми на леб„.
За жал, секогаш има група на квази политичари т.н интелектуалци со криминални досиеа. Луѓе кои не можеа да се помират со вистинските вмровци во градот.Тие истите напаѓаа на најдрагоценото на човекот-личноста и семејството.
За жал, тие лоши луѓе кои се тука само за своите лични интереси и корист и кои не ги почитуваат одредбите, принципите и повелбата на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ, имаат борба со самите себеси со демоните и лошотијата што ја носат длабоко во себе.
Организирани со сето оружје против партијата и вистинските луѓе со правилни и чесни вредности,напаѓаа и чекаа, а за жал и дочекаа. Нов почеток, младост, несигурност, неискусност. Убаво е наши сопартијци, бранот што не заплисна да донесе свежина, но да се знае сите имаме право да ја придржиме даската за сурфање да не би го згрешила правецот. Затоа гледајте наши сопартијци наши вмровци, злите луѓе-криминаланата група која работи за себе, го грабнала најголемиот нов бран и сака да го потоне во длабочините на бездната, со страшни криминални сценарија на “Мерко and company“ и политичари почетници од каде и произлезе оваа група на јавачи на АПОКАЛИПСАТА , го превземаат наивниот бран во своја закрила.
Но, ние вистинските интелектуалци и вмровци одсекогаш сплотени заедно се уште сме тука и нема да дозволиме таквата зла група да раководи своеволно само за своите интереси. Да се стави крај на една нечиста крв пуштена внатре во сршта на македонштината. Да се стави крај на една зла појава наречена криминал-лична корист и да им го покажеме местото што го заслужуваат.
Наши драги сопартијци се надеваме дека доброто ќе го победи злото.
Група незадоволни членови на ВМРО ДПМНЕ од Струга и Струшко
*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и
редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на
истите.