Приказната од Охрид и болката од цела Македонија за мене е како јужноамерикански роман со отворен крај. Како бајка мистериозна. Дали ќе дојдам летово Охрид? Можеби. Материјални проблеми. По светот има јаки, луксузни, подобри и поубави дестинации за релаксација. Проклет Охрид. Зависен сум од тебе. Те мразам и на крај пак не можам без тебе. За одмор и искрено гледање со блиски. Навлечен сум на Македонија. Зависен од Охрид како дрога. „За овај Лихнидос-вирус немат лек.“
И така веќе со години доаѓам во Охрид ама што побрзо фаќам кривини. Одам што подалеку од истиот Охрид. Пример. На селски фудбалски турнири. Уживам во таков амбиент. Во Лакочереј, Мешеишта. Среќен сум тогаш. Во локалните задруги е се обично, нормално. Шумски студ. Свежа здрава клима. Има зафрканции во публиката. Измешани карактери. Никој не гледа фудбал. Прашај некого колку е резултатот? “Не знам дечко”, ќе чуеш. Секој еден е зафатен со нешто друго. Во пријатна љубезна, човечка гужва.
Слушаш галама во далечина. Ништо ново. Судијата се расправа по 25-ти пат со истите играчи за истите финти. Младите се ретро обично. Возрасни жени се сами, без сопругот. Малку „отпојќе“ намирисани, нашминкани со црвен кармин и плави сенки. Наццкани во фустани. Специјално за оваа годишна манифестација испеглани. Ама мажите се во близина. Се пратат со пивото в раце. Не се мутави. Стар дедо седи опуштено на камен со цигара во рака и не мрда. Баби чашитуваат. Татко и ќерка продаваат семки. Некоја мајка се труди тулумби и домашен сладолед да понуди. Некој чичко се мачи да направи промет со пуканки. Еден пар се бори на железна тезга да убеди деца со играчки, производени во Бангладеш. Има и обавезно зачадена сумлива скара. Музиката крцка. Одговорниот Dj две недели е главен шизик. Иако цел аудио-систем зрачи, кочи и звучи чудно, лажно квалитетно.
Ништо не е важно на вакви места. Веднаш се е вкусно и квалитетно. Тоа е шармот. Така замислуваш да е. Се е илузија. Секоја сцена. Најважно е секој еден да ужива. Што подалеку од туристи, од лудилото и бучните, напнати, нервозни фаци во охридската начичкана чаршија, каде што секој еден глуми нешто на црвениот охридски теписон. Како парада. Во колони. На плажа, на патиштата, низ градот и во летното корзо.
Весел сум исто ако помислам на лето 2010 година. Во село Јанковец. Бев на некоја црковна слава. Петар Нечоски, една плава постара пеачка и млада група со синтенсајзер, хармоника и саксофон правеа вечерна забава. На трева. Маси дрвени, пластични столови. Опкружени со селани, граѓани од Ресен, Охрид, Битола и доста наши од дијаспората. Од некоја далечна земја. Ништо друго не ти треба. Солзи. Вистински емоции. Стари пензионери плачат и опасниот Петар им е во таков момент спас, вечен пријател. Лек. Со очен контакт пред нив пее, ги лечи на лице место со неговиот глас. Со еден поглед, една насмевка и бежичен црн микрофон. Со јака поддршка од талентиран хармоникаш. Ги опива со традиционална македонска мелодија. И обавезно добиваат бакшиш. Ама тогаш не се работит воопшто за тие долари девалуирани.
Бевме во 2005 Австралија на одмор. И стварно од самиот пат во авионско седиште ќе заборавиш се. Од Амстердам до Малезија си за 13 сати во еден мал воздушен простор. На пауза во Куала Лумпур за десерт добиваш уште екстра 9 сати психички удар. И конечно после 23 сати ќе „закочит“ авионот на аеродромот во Мелбурн. Во тој момент веќе ќе имаш се заборавено. Сватот, зетот, комшијата, кучето, Петар, Јанковец, Куба Либре, пицеријата покрај кејот. Таксистот Коле. Бурек. Кафенце. Свети Јован Канео. Галичица. Трпецја. Се ти е програмирано горе. Но авантурите, анегдотите самите се паркираат во мозоцчните вијуги. За да можеш во носталгични моменти да гизвадиш и да помислиш на сите убави македонски моменти.
Можам да ги сфатам Македонците во Австралија. Не треба да ги криткуваме зошто не доаѓаат често во Македонија. Самиот осетив во таа далечна далечина. Од временските промени добиваш тотален хаос во главата. Свесен си дека си свесен. Во таков момент замислуваш дека си во ред и ‘орајт’. Но реалноста е контра. Неможеш ништо да контролираш. Едноставно ментално чувствуваш и се согласуваш дека си на крај од светот. Со поглед кон Нов Зеланд. И си тераш живот. Што да правиш. Секој ден да се мислиш за Охрид, Македонија. Не, не вреди. Фати си свој пат. А тие солзи од пензионерите на балканскиот летен подиум каде што лисјата, дрвата и птиците се сведоци во шумите од Јанковец на ехо-мелодиите од Петар Нечоски се многу, многу вредни. Особено кога пензионерите зивеат стар зивот во населбите New Port, Millpark, или Preston. Независно дали се љубители на аранжманот од Нечоски или не се, важно е дека чувството е вистинско. Што подалеку од тој смешен, кич театар во Охрид. Со локални фраери по вратите од ноќните клубови. То се е бла-бла. Како многу работи во Охрид. Ги жалам доста луѓе кои не се свесни дека глумат за да глумат форсирано.
А кога ќе се спустиш од Галичица кон Преспанско Езеро и Ресен. Поминуваш низ секакви непознати, заборавени скриени селцина. На отворено поле. Дворој големи. Овде живеат емигранти. Се гледа по спуштените ролетни. Потполна тишина. Застанато. Во летен пекол од 38 степени. По пат има мали продавници. Внатре е темно. За да не се троши струја и за да е поладно од надвор. Продавачот си ужива со локално радио. Еееј клиент дојде. Здраво живо, како сте. Муабети.
Купувам ладна лименка „Кока кола“. Седнувам на клупа. Навдвор. На езеро во Охрид е лудо. Пред мене поминува куче. Скитаат на топол асфалт. Бара нешто. Сенка. Авантура. Занимација. Јас одмарам. И си уживам во се околу мене. Во цела тишина и убава скриена тајна. Далеку од Охрид. Само една планина не дели во тој момент. И јас продолжувам. Како скитник. Кон дома. Во Охрид.
Ниту една квалитетна клиника во во светот не може да ми ја излечи мојата Охрид/Македонија-болест. Проклет Охрид. Те мразам. Ме нервираш. Те трпам. Те толерилам. Те сакам.
Поздрав
Влатко од Амстердам
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.
Кон јубилејната ретроспективна изложба на Славко Упевче Јубилеите се извонредна прилика да се навратиме и одново да го проследиме патот на некој уметник кој со четка и боја оставил трага во времето...
Јас незнам шо министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имат толку против формирање Албанска академија на уметностите Не ми е јасно з`ш Перински можда не директно ама тој и неговите некога...
Абе ко му се испрај, ко шо е онака мажиште пусти Венко широк во плештине, Мицко се собра ко глувче А пак искрени да сме убо му згрми дека ги излажа професорите Мицко ќе му даел само 5% повисока пла...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.