Во неговата „Острилка“ Бранко Геровски загатнува некакви капи и качулки, без да мисли, не пак да каже под каква капа тој се наоѓа и ја носи. Во духот на струшкото достоинство и отпор, ниту на Геровски, ниту на Милчин, и на другите во Струга не им фалеше влакно од главата. Овие господа што неодамна гостуваа во Струга, со намери што си ги знаат, ако си ги знаат само самите тие, и некои нивни наредбодавци или во поблага форма учители.
Нема да ви изнесуваме ниту факти за нашите македонистички исповеди ниту за нашето национално искуство кои што и се поприлично познати на македонската поширока јавност. Затоа чувствуваме должност да ве потсетиме на објективната слика на неодамнешното случување. Прво што ќе речеме во прилог на тоа е фактот дека онака како што дојде и компанијата „СОРОС“ и нејзините пулени, со намера, концепција а можеби и надеж, да додадат сол на живата рана „Струга“ која стана тоа со нивната територијална распределба чиј плод се нетрпеливоста и односите во ЦСО во Струга. Ги опоменавме дека нивниот настап е контрапродуктивен и излишен. А ними им пропадна нивната пропагандана активност меѓу граѓаните на Струга,за што бездруго добиле големи пари.
Покрај ова, треба да ве запознаеме зошто актуелниот градоначалник Рамиз Мерко ги обвинува припадниците на Здружението „Наша Струга“. Која ги застапува интересите на стружани и грчевито се бори против сите злоупотреби и злодела на градоначалникот, и практично со своите активности го спаси од уништување „Паркот на поезијата, го врати узурпираниот црковен имот кај женска Плажа. Злоупотребите на урбаната мафија и уште многу нешта. Затоа на Мерко „трн во око“ му е „Наша Струга“.
И ете, Струга пак се најде на браникот на татковината, и еве пак од Струга започнува бранот на македонското самоосознавање и сочувување, и борбата против сите наши изроди кои за можеби помалку од триесет сребреници си го предаваат својот народ и роварат против татковината.
Да напоменеме дека нивниот собир не беше најавен во МВР а а ниту кај граѓаните на Струга (строго тајно се известени нивните поддржувачи).
„Наша Струга“ – Струга
Ставовите изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, не се ставови на редакцијата на охриднењс.цом и таа не сноси одговорност за изнесеното во текстовите.
Од редакцијата