“Во следните неколку месеци, доколку не се случат некои крајно неочекувани работи, планираме да го реализираме ветеното покачување на платите во образованието. “ 

Ова се зборовите на министерот за образование г.Панче Кралев на неодамна одржаната средба со претставниците на СОНК, на која учествувале и претседателите, како и секретарите на Регионалните Одбори.

Ваквата изјава на министерот Кралев беше потврдена и изминатив викенд – 5 и 6 април 2013 година – на средбата на синдикалните лидери на охридскиот , прилепскиот , кичевскиот и струмичкиот Регионален Одбор на СОНК, при што беше дебатирано по синдикалните писмени барања и по одговорите кои ги дале Министерот за образование и наука Панче Кралев; директорот на ДПИ Надица Николовска , директорот на БРО Весна Хорватовиќ и раководителот на секторот за основно и средно образование Елена Ивановска.


На дводневната средба која се одржа во хотелот “Атлантис” во Струмица, а на која учествуваа и лидерите на синдикалните организации од охридските образовни и културно-научни установи, беше расправано по сите точки на заклучоците од Средбата на СОНК со претставниците на гореспоменатите надлежни државни институции , при што беа потврдени оценките и ставовите на СОНК во следните неодминливи значајни поглавја :

1.Социјалното партнерство и дијалог – помеѓу СОНК и МОН се оценува позитивно.Подигнато е нивото за разлика од поранешниот период и СОНК и МОН упорно ќе настојуваат да се градат во натамошна позитивна смисла до релации што ги имаат земјите од европската унија. При тоа ќе се користат досегашните позитивни искуства, како и искуствата во социјалното партнерство и дијалог кај кои истото од релевантни организации е оценето како многу позитивно, кое има и видливи резултати во решавање на прашања и проблеми од заедничка надлежност. Како еден од првите чекори во скорешно време ќе биде инициран заеднички состанок помеѓу МОН,СОНК и Претседателството на ЗЕЛС ( по завршување на актуелните избори).

2.При носење на нови или измени и дополнувања на постоечките закони, кои ги регулираат односите во делот на образованието и науката, без исклучок во првичната фаза во постоечката процедура на носење на истите ќе биде вклучен и СОНК, со цел да се обезбеди најмалку консултативната улога на синдикатот во оваа процедура. СОНК, со свои преставници ќе учествува во расправите во комисијата за образование и наука при Собранието на РМ , кога на дневен ред на истите ќе има прашања кои имаат допирни точки со правата од работен однос и особено во делот на економско-социјалната положба на вработените во образованието и науката. Во овој контекст во воспоставување на таква пракса, во рамките на свите надлежности свој придонес ќе даде и МОН.

3. МОН и СОНК ќе преземат соодветни активности , во рамките на законските надлежности за воспоставување на социјалното партнерство и дијалог помеѓу единиците на локалната самоуправа, посебно со одговорните во истите во делот на образованието и регионалните одбори на СОНК од подрачјето од конкретните единици на локалната самоуправа. Во овој контекст ќе се вклучат и државните просветни инспектори.

4. СОНК и МОН ќе извршат посериозно согледување во делот на администрирање , како работни обврски на наставниците. Врз основа на такво согледување, доколку се констатира дека постојат задачи кои не се непходни за квалитетно извршување на воспитно- образовниот процес, а кои можат да предизвикуваат негативни последици во истиот, ќе се покрене постапка за нивно менување или целосно бришење од овој процес. Особено овде се побара од БРО да се изземе двојното описно оценување и да се редуцира преобемната педагошка евиденција.

5. СОНК, во неколку наврати последниве години , заедно со нај одговорните од МОН и Државната просветна инспекција вршеа согледувања на функционирањето на истата. При тоа беше констатирано дека генерално ДПИ функционира во рамките на надлежностите утврдени во законот, но и дека има поедини просветни инспектори кои излегуваат од рамките на овие надлежности. Договорено е за сите такви случаи да се покренува соодветна постапка за надминување на истите преку примена на постоечките законски одредби.

6. Екстерното оценување на наставниците :СОНК и МОН се согласни дека треба да најде начин со кој по пообјективни критериуми ќе се направи квалитетно степенување на воспитно-образовната работа на наставниците. Тоа како потреба беше и е едногласно прифатено од сите наставници во училиштата. СОНК смета дека со одредените согледувања со сегашниот начин на екстерно оценување не се обезбедува целосно објективно оценување, бидејќи се заснива на недоволно елементи врз кои се донесува оценката за наставникот, со што се доведува под прашање остварувањето на главната цел. СОНК и натаму стои цврсто на убедувањето дека екстерното оценување е потреба, но со подобрен модел на оценување, кој ќе обезбеди што е можно по објективно одвојување на неквалитетно, квалитетно и над просечно извршување на работните задачи. МОН се согласува да се направи дополнително стручно согледување на целиот овој систем и доколку аргументирано се утврдат негативности и слабости, истите во соодветна постапка да бидат корегирани или елименирани.

7. Законската обврска за склучување на Колективни договори во три степени, а во овој случај на ниво на дејност, иако е обврска со ЗРО, се уште не е реализирана во високото образование и науката. СОНК и МОН ќе продолжат со активностите за донесување на споменатите колективни договори, во што е можно пократок рок .

8. СОНК и МОН ќе отпочнат разговори за согледување на реалните можности од аспект на објективната моќ на Буџетот на државата за корекција на висината на платите во сите степени во образованието и науката.Во овој контекст, министерот Кралев додаде : “Во следните неколку месеци, доколку не се случат некои крајно неочекувани работи, планираме да го реализираме ветеното покачување на платите во образованието. “

9. СОНК и МОН се согласни што поскоро да се формираат заеднички работни групи, кои ќе работат на длабинско согледување и анализирање на прашањата на наведените точки од овој документ и врз основа на тие заеднички констатирани состојби на одговорните органи во СОНК и МОН ќе им предложат оптимални решенија за надминување, подобрување или создавање на нови поквалитетни состојби од сега постоечките.


На средбата во Струмица, лидерите на синдикалните организации за охридскиот регион одржаа расправа и формираа посебно тело – комисија за односи со Локалната самоуправа и со Градоначалникот на Охрид, во која покрај претседателот Аце Речкоски ќе има претставници од сите области за кои се грижа на СОНК:

Димче Донески – претставник за основното бразование,Ленче Јовановска – претставник за средното образование, Мери Ристовска – претставник за високото образование, Љубен Маркоски – претставник за Културата, Катерина Крстеска – претставник за детските градинки и Јованка Колоска – претставник од училиштето во општина Дебрца.

Улогата на оваа комисија е да биде во континуиран контакти со новоизбраниот градоначалник д-р Никола Бакрачески, со кого ќе ги договорат потребните модели на соработка ,согласно потребите од средби и договори, а со заедничка цел да се подобрат условите во образованието и во образовните установи.

Средбата на охридските синдикални лидери со своите колеги од Струмица,Прилеп и Кичево освен за размена на синдикалните искуства,беше искористена и за заедничка посета на културно-историските и природни убавини на Струмица и Струмичко. 

СОНК Охрид
фото: Дим Дон