Жителите од Вапила не се задоволни од локалната самоуправа на Охрид поради одлуката да се асфалтира патот од Вапила до Ливоишта. Што значи да се асфалтира патот од Вапила до Ливоишта, а да не се асфалтира патот од Косел до Вапила кој е во катастрофална состојба, ако се има предвид дека и жителите од Ливоишта го користат истиот пат како и Вапилчани!?
Ако се има предвид дека патот од Косел до Вапила беше оштетуван во континуитет од тешките товарни возила кога во близина на селото Вапила, кај местотото викано Топли Дол, пред десеттина години беше изградена дива асфалтна база и на тој начин битно се нарушуваше еколошкиот систем на околината, тогаш јасно е зошто потегот од Косел до Вапила е во незавидна состојба. Единствено објаснување може да се даде дека се работи за недостиг на финансиски средства за асфалтирање на комплетната делница од Косел до Ливоишта односно, за средствата кои се обезбедени властите се одлучиле за приоритетна одлука да не се асфалтира патот од Косел до Вапила туку да се асфалтира само патот од Вапила до Ливоишта.
Треба да се има предвид дека фреквенцијата на моторни возила кон Вапила, Ливоишта, Расино и Сирула, во последно време дури и сосем луксузни возила, станува се поголема, тогаш потребата за пристоен асфалтиран пат е многу човечка и уште повеќе многу важна и оправдана. Што значи интересот на локалните власти да ги добијат симпатиите на жителите од село Ливоишта, а да ги изгубат на жителите од Вапила, затоа што новиот асфалтиран пат ќе го користат само Ливојштани и покрај тоа што за сами да уживаат во новиот афалт ќе мора од Косел кон Ливоишта да го прелетаат оштетениот асфалт. Се прашуваме: дали се работи за дваесет и првиот век или станува збор за некој од средните векови кога асфалтирањето на пат беше мислена именка!?
Жители на селото Вапила
Ставовите во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив